Ферари ги заврши тестирањата во Бахреин со први места во четвртокот и петокот, но шефот на Скудерија, Фредерик Васур, за ТВ Ф1 изјави дека тие достигнувања „не го залажуваат“.
-Се разбира, подобро е да се биде напред, а не на опашката“, објасни Французинот. „Но, не знаеме колку гориво имале другите, не знаеме какви биле поставките на моторот. Многу е тешко да се добие јасна слика. Но, Карлос и Шарл се чувствуваат многу подобро и поудобно во автомобилот, нашиот нов автомобил е поконзистентен во своите перформанси, полесен за возење. За нас ова е чекор напред.
Сепак, Васур е на мислење дека и покрај големиот чекор, Ферари се уште не е на нивото на Ред Бул.
-Треба посмирено да ги прифаќаме резултатите од тестот“, рече Васер. „Реакциите на нашите возачи беа позитивни, но ни претстои уште многу работа во развојот на болидот. Мислам дека Ред Бул се уште пред нас, но ние продолжуваме да работиме и ќе видиме каде ќе бидеме следната недела. Не можеме да си дозволиме да бидеме измамени од резултатите од тестовите.