Ракометната репрезентација на Македонија гостинскиот натпревар против Фарски Острови за пласман на СП 3025 година во Трошван ќе го игра пред полни трибини бидејќи билетите за оваа средба се распродале за само две минути.
Раководството на Ракометната федерација на Фарски Острови во продажба пушти 1.000 билети по цена од 20 евра и истите преку интернет биле продадени за само две минути. Капацитетот на салата во која ќе игра Македонија е 1.700 места и останатите 700 ќе бидат распределени на спонзорите и пријателите на репрезентацијата.
Првиот натпревар Македонија против Фарски Острови го игра на 8. мај од 18:00 часот, додека реваншот е на 12. мај во Скопје во „Борис Трајковски“ од 19:00 часот.