Ватерполистите на Хрватска како и селекторот Ивица Туцак за освоената титула светски првак во Доха, Катар ќе добијат парични награди од државата.
Хрватска во финалето на Светското првенство (СП) во ватерполо ја совлада Италија со 15:13 и го освои третиот златен медал (по 2007 и 2017-та).
За разлика од порано кога беа во куни, сега наградите се пресметани во евра, објавија хрватските медиуми
За големиот успех и и освоеното злато селекторот Туцак и неговите избраници ќе добијат по 14.350 евра. Членовите на Стручниот штаб и другите професионални лица во репрезентацијата ќе поделат 19.150 евра.