Фудбалскиот клуб Работнички попладнево се пофали со три нови имиња во своите редови и им ги презентира на своите миленици на социјалните мрежи.
„Романтичарите“ во својот состав ги потврдија имињата на Сефа Кахраман, Али Регба, кој можеби е и најзвучното име, бидејки во минатото го носеше и дресот на втората екипа на Лестер и третото засилување е Емре Кадри.
Освен што им посакаа добредојде на тројцата, од клубот од Дебар-маало нема информации за тоа какви договори се потпишани со тројцата фудбалери.