Ред Бул го претстави новиот болид, „најфутуристички во Формула 1“!

Шампионот во Формула 1 (Ф1) Ред Бул како последен од 10-те тима, учесници на Светското првенство (СП) го претстави болидот за новата сезона, и ги изненади сите со новиот дизајн.

Ред Бул го дизајнираше новиот РБ20 болид донекаде по углед на контроверзниот Мерцедес В14, кој не успеа да постигне ниту една победа минатата сезона. Сепак,„Марка“ го нарече „најфутуристичкиот болид во Ф1“.

Ред Бул минатата сезона победи на 21 од 22 трки, од кои 19 забележа шампионот Макс Верстапен. Иако станува збор за целосно нов болид, Холанѓанецот е многу задоволен од виденото и возбуден е за правецот во кој оди неговиот тим.

-Имавме одличен болид, но сакавме да бидеме иновативни и да се подобруваме. Времето ќе покаже дали и колку навистина е добар. Но според она што го видов, сите во тимот се задоволни од направеното. Ова е контролирана агресивност, рече трикратниот светески шампион.

Дизајнот на РБ20 многу потсетува на Мерцедес В14, кој не се прослави минатата сезона и кој „никој не сакаше да го копира“.

Дури и Мерцедес го отфрли годинава, но директорот на Ред Бул тимот, Кристијан Хорнер објаснува:

-Дизајнот се заснова врз перформансите и на она што го гледаме во симулациите. Болидот е е многу подобар во некои области, но штоперицата ќе покаже колку е добар. Немаше да се решиме за него доколку не сметаме дека е подобар.

Последните тестови ќе се одржат во Бахреин следната недела, а новата сезона на Ф!, која ќе има 24 трки, започнува со Големата награда (ГН) на Бахреин на 2 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО