Во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) против Лајпциг (1:0), Реал Мадрид ја забележа 29-та победа на 35 натпревари во сите конкуренции сезонава што е најдобро постигнување во клупската историјата.
Претходниот рекорд беше 28 победи на 35-те одиграни натпревари, во сезоните 2011/12, 2013/14 и 2014/15.
Од почетокот на сезонава, тимот на Карло Анчелоти загуби само двапати. Двата пораза се случија во натпреварите против Атлетико Мадрид, во Ла лига и во Купот на Шпанија.