(ВИДЕО) Пукање во Канзас сити: Еден загинат и 21 повреден на Супербоул парадата

Едно лице загина, а 21 е рането во оружената престрелка во Канзас сити, на крајот од победничката парада по повод триумфот на НФЛ тимот од овој град во Супербоулот. Полицијата соопшти дека уапсила тројца осомничени во врска со престрелката.

Престрелката се случила во центарот на градот, околу 14 часот по локално време, на крајот од парадата на која присустувале повеќе илјади луѓе. Над 800 полицајци ја обезбедувале  прославата.

Службените лица потврдија дека уште осум жртви се во животна опасност, и оти седуммина претрпеле повреди кои би можеле да се покажат како опасни по живот.

Меѓу ранетите има и девет деца, на возраст од шест до 15 години, кои имаат прострелни рани. Тие се згрижени во болница и се очекува целосно да закрепнат.

На прес-конференцијата, началникот на полицијата во Канзас сити, Стејси Грејвс рече дека вкупно 22 лица биле погодени од огнено оружје. Локалната радио станица соопшти дека еден од нејзините диџеи, Лиза Лопез, била убиена во престрелката.

Градските власти не ги соопштија имињата жртвите, ниту споделија информации за осомничените кои се уапсени, како и за тоа што би можело да доведе до пукањето.

Шефот на полицијата изјави дека мотивот за пукањето се’ уште не е јасен. Се претпоставува дека тоа е резултат на расправија која станала насилна, но и дека не е поврзана со тероризам.

Во врска со случувањата во Канзас сити трагичните се огласи и американскиот претседател Џо Бајден кој се осврна на прашањето за оруженото насилство во земјата.

– Овие настани треба да нè раздвижат, да не’ шокираат, да не’ засрамат и да не’ потикнат на акција, рече тој, повикувајќи на реформа во врска со употребата на оружјето и на забрана на автоматските пушки во САД.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО