Надал не е „фит“, ќе го откаже настапот во Доха?

Некогашниот тенисер број еден во светот, Рафаел Надал, сепак би можел да го одложи враќањето на терените.
Шпанскиот тенисер е пријавен за настап на турнирот во Доха следната недела, но според последните информации би можел да го откаже настапот.
И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот, па деновиве останува да потврди дали воопшто ќе патува за Доха.
„Поувствував непријатност во последните недели. Во овој момент, секој удар, секоја повреда е чекор назад не само физички, туку и психички. Верувам дека ќе бидам „фит“ 100 проценти во Индијан Велс“, истакнал Шпанецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО