Салернитана синоќа и официјално го назначи Фабио Ливерани за нов тренер на тимот. Тој доаѓа на местото на Филипо Инзаги, кој доби отказ во неделата. Ова е трета тренерска смена сезонава за Салернитана, која е на дното на табелата и е на пет бода од безбедната зона.
Генералниот директор на Салернитана, Валтер Сабатини, на прес-конференцијата призна дека тимот нема повеќе од 3,5 отсто шанси да се спаси од испаѓање.
– Го прифатив предизвикот бидејќи го гледам квалитетот на тим и верувам дека можеме да ги стигнеме оние што се пред нас на табелата. Се случи спортско чудо во овој град пред неколку години, стадионот и навивачите помогнаа да се случи тоа, изјави Ливерани (47) koj ќе дебитира в петок, против лидерот Интер.