Формула 1 тимот на Астон Мартин денеска ги објави првите фотографии од својот нов болид AMR24. Пилотите на тимот Фернандо Алонсо и Ленс Строл ќе го користат овој модел за следната сезона.
Според резултатите од претходната сезона, Астон Мартин го зазеде петтото место во шампионатот за конструктори. За утре, италијанскиот тим на Ферари го најави преставувањето на новиот болид.