Напаѓачот на француската репрезентација, Kоло Муани, се осврна на темата за неговиот настап во финалето на Светското првенство 2022 година во Катар кога во последната минута од судиското продолжение од натпреварот со Аргентина не успеа да реализира голема шанса.
– Секогаш ќе бидам момчето на кое му недостасуваше реализација во ситуација еден на еден во финалето на Светското првенство. Тоа ќе ми остане до крајот на животот. Дури и кога мојата кариера ќе заврши, луѓето сепак ќе зборуваат за тоа“ вели Муани.
Ќе потсетиме дека играчот на ПСЖ не постигна гол при резултат 3:3 а веднаш потоа репрезентацијата на Аргентина победи во пенал серијата и ја освои титулата светски шампион.