Фудбалскиот состав на Салернитана ја прекина соработката со Филипо Инзаги откако клубот влезе во лоша серија и остана на само 13 бода по 24 одиграни кола во Серија „А“. – Фудбалскиот клуб Салернитана објавува дека го разреши г-дин Филипо Инзаги од функцијата главен тренер на првиоттим, изразувајќи благодарност до него за неговата посветеност воработата. На специјалистот му посакуваме успех во продолжувањето на кариерата“, се вели во соопштението на официјалниот сајт на Салернитана. 50-годишниот специјалист беше тренер на Реџина, Бреша, Беневенто, Болоња, Венеција и Милан.