Баер Леверкузен со доминантна игра го победи Баерн Минхен

Фудбалерите на Баер Леверкузен, во дербито, го надиграа Баерн Минхен со 3:0. Тимот на Чаби Алонсо по 21 рунда се уште нема пораз во првенството и е лидер на табелата со 55 поени, пет повеќе од Баерн.

Почетокот на дербито доцнеше како и многу други натпревари во Бундеслигата поради протестите на навивачите ширум Германија, а кога конечно почна на теренот играше само еден тим, Баер Леверкузен.

Избраниците на Чаби Алонсо целосно го надиграа шампионскиот тим од Минхен, кој ги освои последните 11 титули во Бундеслигата.

Интересно е што „фармацевтите“ поведоа со гол на играч на Баерн. Хрватскиот интернационалец Јосип Станишиќ, кој е роден во Минхен, оваа сезона настапува за тимот од Леверкузен како позајмен играч на Баварците. Затоа не се ни радуваше кога во 18. минута ја затресе мрежата на Мануел Ноер.

Голманот на Баерн единствен беше на висина на задачата во својот тим и покрај тоа што прими три гола. Сите останати делуваа како да залутале на натпреварот.

Но ниту Ноер не можеше да го спречи вториот гол на Баер, кога Шпанецот Грималдо во 50.минута испрати топовски удар под гредата.

Конечните 3:0 ги постави Фримпонг во 95.минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО