Пеп ја појасни разликата помеѓу Барса и Сити: Овде го имам нештото кое го немав во Шпанија

Чави Ернандез го најави своето заминување од кормилото на Барселона по завршување на сезоната, а тоа од клубот го прифатија како одлука на тренерот.

Веднаш потоа тргна лавина шпекулации кој би биле наследникот на Чави Ернандез, кој сезонава тотално заглави со тимот далеку од ривалите за титулата во Примера.

Се споменуваат имињата на Јирген Клоп и Ханси Флик, двајца германски тренери, но се уште е тоа далеку од реализација, па мора да се сочека уште некој месец.

Околу таа ситуација, се огласи Пеп Гвардиола, кој нагласи дека ја разбира одлуката на Ернандез зошто заминува.

– Потполно го разбирам Чави и неговата одлука. Притисокот во Барселона е неподнослив, не може да се спореди ни со еден друг клуб во Европа. Кога заминував од Барселона, морав да земам три месеци одмор за да се стабилизирам по напорниот период. Се потрошив физички и умствено, порача Гвардиола.

Тој се обиде и да долови дека во Англија ситуацијата е подалеку поповолна.

– Во Сити ги имам условите кои секој тренер би ги посакал. Атмосферата е одлична, навивачите ме поддржуваат и при лоши резултати. Англија е идеална средина за тренерите. Се разбира има многу предизвици, натпревари, но овде се некако оди полесно, за разлика од Шпанија, каде постојано има тензии, појасни Пеп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО