Халанд „не може да го поднесе“ Манчестер и сака да се пресели во Мадрид

Норвежанецот Ерлинг Халанд сака да побегне од Премиер лигата уште летово, бидејќи му е „преку глава“ од временските услови во Манчестер!

Според шпанскиот весник „Ел Десмарке“ на Халанд не му е удобно во Манчестер, и покрај тоа што е среќен што игра за Сити на Пеп Гвардиола. Во написот се сугерира дека лошото време му го „убива“ расположението.

Халанд (23) на кого договорот со Манчестер сити му истекува во 2027 година, честопати говори за преселба во Реал Мадрид, во одреден момент од кариерата. Со тоа тој повторно би се споил со Џуд Белингам, поранешниот соиграч од Борусија Дортмунд.

Трансфермаркт го проценува Халанд на над 150 милиони фунти, без оглед на тоа што неговата откупна клаузула изнесува 128 милиони.

Сепак, иднината на Халанд би можела да зависи од одлуката на Килијан Мбапе. Французинот бара многу пари за доаѓање, плус други бонуси, што значи дека дури и Реал нема толку многу пари за да ги ангажира двајцата во ист преоден рок.

Се очекува Мбапе во следните неколку недели да одлучи во кој клуб ќе игра следната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО