Шпанскиот весник Спорт пишува дека челниците на Суперлигата се’ уште работат на тоа да го заживеат своето натпреварување.
Затоа тие испратија писмо до претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин во кое бараат „итно прекинување на антиконкурентското однесување кон компанијата А22“, која ја промовира Суперлигата.
– Претседателот на УЕФА јавно спомна и погрешно го протолкува писмото во кое бараме УЕФА да се однесува во согласност со правото на ЕУ и да престане со активностите насочени кон попречување на активноста на А22.
Имајќи предвид дека водиме јавен дијалог за иднината на европскиот фудбал, писмото во кое бараме УЕФА веднаш да престане со своето антиконкурентско однесување со цел да се исклучи А22 од европскиот клупски пазар го објавуваме во целост, се наведува во соопштението.
Во писмото натаму се додава дека А22 го задржува правото да превземе соодветни мерки против УЕФА и нејзините лидери, бара конкретни мерки, како и соодветна компензација за материјалната штета што таквото антиконкурентно однесување им ја предизвика на А22 и неговите партнери.