Во Хрватска: Фудбалер што тепал судија и му се заканувал со смрт казнет со 1.542  евра!

Судијата на натпреварот помеѓу Рибар од Канишка Ива и Томислав од Ѓуловац (Трета лига во Бјеловарско-билогорската жупанија) одигран во ноември минатата година бил физички нападнат од еден револтиран играч, пишува порталот Бјеловар, без да ги открие нивните имиња.

Порталот натаму наведува дека инцидентот се случил кога судијата сакал да му покаже жолт картон на еден играч на Рибар, по што тој му стапнал на ногата со копачката. Тогаш судијата извадил и црвен картон, но добил тупаница во лицето и морало да му се укаже лекарска помиш.

Натаму се наведува дека играчот го чекал судијата по натпреварот и се заканувал, па судијата со полициска придружба го напуштил местото на настанот и заминал кон болницата за да земе лекови за смирување и инфузија

По инцидентот фудбалскиот судија поднел приватна тужба. Општинскиот суд во Бјеловар неодамна донел пресуда според која играчот мора да му плати 1.542 евра оштета на судијата, кој го тужел и за смртните закани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО