Африканскиот Куп на нации во фудбал што се одржува во Брегот на Слоновата Коска (од 13 јануари до 11 феваруари) влезе во завршната нокаут фаза.
По првите осминафинални натпревари познати се и првите четири четвртфиналисти, Ангола, Нигерија, Гвинеја и Конго.
Ангола ја совлада Намибија со 3:0, Нигерија го победи големиот ривал Камерун со 2:0, Гвинеја триумфира над Екваторијална Гвинеја, 1:0. Конго направи наголемото изненадување елиминирајќи го најтрофејниот, седумкратниот шампион, Египет, на пенали, 8:7, откако по 120 минути игра немаше победник, 1:1.
Тоа беше осми последователен натпревар на Купот на Африка на кој Египет не успеа да победи во регуларниот дел од натпреварот, вклучувајќи го и претходниот турнир.
Денеска играат: Зеленортски Острови – Мавританија; Сенегал – Брегот на Слоновата Коска
Утре: Мали – Буркина Фасо, Мароко – Јужна Африка