Во последните два дена дури двајца тренери ја шокираа спортската јавност со потврдите дека на крајот од сезоната си заминуваат од клупите на екипите кои ги водат.
Најпрво тоа пред два дена го направи Клоп, кој објави дека на крајот од сезоната го напушта Ливерпул.
Само еден ден подоцна, синоќа, истото го направи и Чави, кој на крајот од сезоната ја напушти Барселона.
Навистина, тренерот овојпат јавно не кажа дека го напушта клубот што го води, но новинарите на каталонскиот Спорт тврдат дека токму тоа ќе се случи.
Имено, новинарите на Спорт тврдат дека Микел Артета на крајот од сезоната ќе го раскине договорот со Арсенал.Договорот на Артета со лондонскиот клуб е до 2025 година, но се чини дека тој одлучи дека му е доста во Арсенал.
Со оглед на тоа дека има многу добри односи со челниците на овој клуб, наводно било договорено по крајот на сезоната да го напушти Топнике.