Толку беше од Чави во Барселона

Чави Ернандез објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти кормилото на Барселона.

Ваквата одлука и најава, додека по дебаклот на Барселона синоќа во самиот финиш од средбата против Вилјареал, каде до 85. минути водеа со 3:2, на крајот, во луд финиш на средбата, беа поразени со 5:3.

– Достигнавме точка од која нема враќање. Време е за промени, мислам дека е време да заминам. Разговарав со клубот и управата, веројатно заминувам на 30. јуни годинава, порача Чави на синоќешната пресконференција.

Легендарнито фудбалер од „Камп Ноу“, е еден од најтрофејните играчи во историјата на овој спорт, минатата сезона и ја донесе титулата на Барселона, но оваа им оди катастрофално, а тоа го покажува сликата на табелата.

Тој уште пред дебаклот од Вилјареал порача дека може да замине.

– Знам каде сум, ако не освојувате титули, тогаш сте во ризик и мора да заминете, истакна пред мечот Чави.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО