Шевченко избран за прв човек на украинскиот фудбал

Поранешниот напаѓач на Милан и на Челси, Андриј Шевченко, едногласно е избран за нов претседател на Украинската фудбалска асоцијација (УАФ).

Шевченко (47) добил 93 од 94-те гласови на конгресот, соопшти УАФ. Се додава дека Шевченко имал право да го дададе својот 94-ти глас како делегат, но не го сторил тоа.

Тој е најдобриот стрелец на Украина на сите времиња со постигнати 48 гола на 111 натпревари, од 1995 до 2012 година. Шевченко ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) со Милан во 2003 година и „Златната топка“ следната година.

Како претседател на УАФ тој ќе го замени Андриј Павелко, кој беше на чело од 2015 година и е член на Извршниот комитет (ИК) на УЕФА. На Павелко треба да му се суди во Украина во долготрајниот правен спор поради обвиненија за проневера.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО