Мендеш: Барселона сака трајно да ги задржи Кансело и Феликс

Португалскиот фудбалски суперагент Жоао Мендеш, најпознат во јавноста како застапник на Кристијано Роналдо, изјави дека Барселона сака трајно да ангажира двајца негови штитеници и имењаци кои се на позајмица во каталонскиот гигант.

Тоа се Жоао Кансело од Манчестер сити и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

– Барселона сака да ги задржи Феликс и Кансело и по оваа сезона, сака да ги направи нивните ангажмани трајни, вели еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот во интервјуто за португалскиот „Рекорд“.

Сезонава е разочарувачка за Барселона бидејќи заостанува зад Жирона и зад Реал Мадрид на табелата во Ла лига. Но во Каталонија се задоволни од настапот на португалскиот тандем кој сака да го задржи, иако сигурно нема да биде евтин.

Според „Трансфермаркт“, двајцата португалски репрезентативци вредат по 40 милиони евра. Предност за Барселона е што матичните клубови не се сметаат премногу на нив.

Феликс во Атлетико никогаш не ја оправда високата сума од 127 милиони евра која и беше платена на Бенфика, а Кансело, некогаш еден од најдобрите играчи на Сити, не е во добри односни со Пеп Гвардиола поради малата минутажа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО