Адеми го прашаа за трансферот на Перишиќ во Хајдук, а тој изненади со одговорот

Доаѓањето на Иван Перишиќ на позајмица во Хајдук од Тотенхем со денови е главна тема во јавноста. Сепак, не се сите воодушевени од она што се случува на Пољуд, а тоа најдобро го покажа изјавата на играчот од средниот ред на Динамо Загреб, Аријан Адеми на прес-конференцијата пред Локомотив.

Токму враќањето на Перишиќ во Пољуд беше тема на денешната прес-конференција на Динамо, а еден од новинарите побара од Адеми да даде коментар за трансферот.

Сепак, искусниот играч за врска на загрепскиот клуб не беше премногу воодушевен кога го слушна прашањето, а одговор даде само во две реченици и не сакаше дополнително да коментира.

-Тоа е нивна работа и не би сакал премногу да коментирам. Знаеме каков играч е Перишиќ и сигурно ќе биде засилување“, изјави македонскиот репрезентативец

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО