Бразилскиот интернационалец Мартинс Де Паула Кауан кој „СпортКлуб“ го најави уште пред десетина дена е нов играч на Брера Струмица за понатамашниот дел од првенството.
Станува збор 23 годишен дефанзивец кој минатата година настапуваше за естонскиот тим Транс Нарва каде имаше неколку забележителни настапи. Претходно Де Паула Кауан има настапувано и во неколку бразилски клубови меѓу кои и за младите на Коринтианс.
Според информациите Де Паула одлично игра со левата нога. Се одликува со агресивност, добар преглед во одбрамбената линија, стабилност во играта но и со добар скок и се очекува да даде голем придонес во одбраната на нашата игра
-Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела“, кажа во својата прва изјава бразилскиот интернационалец
Претходно дресот на струмичани го облекоа Даниел Миловановиќ, нигерискиот интернационалец Ибрахим Олаосебикан, младиот Лука Георгиев , српскиот напаѓач Џорџе Ивковиќ, Зоран Андонов, Драган Стојков и Урош Стамениќ.