Серхио Регилион кој мина полусезонска позајмица во Манчестер Јунајтед, сега оди на нова задача.
Тотенхем и Брентфорд се договорија за полу-сезонска позајмица и Регилион го прифатил тоа. Не постои клаузула која обврзува гарантиран откуп, па по крајот на сезоната овој играч повторно ќе се врати во Тотенхем.
Иако тој имаше постигнат договор за цело сезонска позајмица, „црвените ѓаволи“ ја искористија опцијата да ја прекинат неговата позајмица, затоа што Лук Шоу и Тајрел Маласија се блиску до враќање на терените.
Регилион очигледно не е во плановите на тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, па ќе биде испратен на нова позајмица, каде можеби ќе има среќа да се вклопи во играта.
За Регилион ова е трета позајмица откако е член на Тотенхем.