На Марсијал наводно му следувало исто сценарио како и Санчо – но неговиот агент демантираше

Џејдон Санчо оваа зима е испратен на позајмица во Борусија Дортмумд, клуб од каде што го купија претходно за 85 милиони евра.

Англискиот фудбалер се враќа во Дортмунд на полу-сезонска позајмица, која Дортмунд треба да ја плати на Јунајтед во висина од 3,5 милиони евра.

Но освен Санчо, сличен проблем со години веќе во Манчестер има и Ентони Марсијал, кој е далеку од својата идеална форма и воопшто нема добар учинок, напротив, тој последните две сезони е како дух на теренот.

Медиумите на Островот веќе почнаа да шпекулираат дека истото што му се случи на Санчо, ќе се случува и со Марсијал, односно дека неговиот договор наскоро ќе биде прекинат и тој ќе биде ослободен од обврски.

– Воопшто не е вистина приказната дека Ентони е ослободен од првиот тим, односно суспендиран, тој нема проблеми со тренерот Тен Хаг. Марсијал е веќе девет сезони во Јунајтед, па доколку не беше професионалец, немаше да преживее толкав период таму. Единствено што е точно во врска со натписите во весниците дека Марсијал ќе оди на мала операција, која требаше да ја направи претходно, порача агентот на францускиот фудбалер, Филип Ламболи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО