Томас Тухел: Привилегија е да се тренира Хари Кејн

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, тврди дека Хари Кејн може да го надмине рекордот од 41 гол во една сезона во Бундеслигата на Роберт Левандовски и оти е задоволство да се работи со него.

-Се чувствувам многу привилегиран што сум негов тренер. Тој е супер скромен, секогаш е прв на теренот и ќе направи сè што ќе побарате од него. Тој е голема личност која станува ајкула на теренот, затоа што сака да постигнува голови, сака да победува. Сите околу него ги прави подобри, тој е на највисоко ниво, како човек и како фудбалер, вели Тухел за официјалната интернет страница на Бундеслигата.

Кејн е многу поразличен профил од сите други играчи со кои работел Тухел. Тој може да игра како класична деветка, вистинска „лисица“ е во шеснаесетникот, има извонредна завршница, но исто така честопати и асистира.

-Секогаш велам дека може многу да научите од своите играчи. Ако сте привилегирани да бидете тренер, особено на ова ниво, може многу да се научи од Хари, вели Тухел.

Дали е во опасност рекордот на Роберт Левандовски?

– Да, во опасност е, иако малкумина можеа да поверуваат дека ќе биде. Ни треба малку среќа, ни треба тимот да продолжи во исто темпо, Хари треба да биде здрав и спремен, а потоа ќе видиме што ќе се случи, истакнува Тухел.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО