Турците приведоа израелски фудбалер поради прославување гол

Фудбалерот на турскиот Анталијаспор Сагив Јехезкел е приведен поради прославување гол.

Откако постигна гол за својот тим против Трабзонспор, репрезентативецот на Израел откри порака на која пишуваше „100 дена. 07/10” на завојот на левиот зглоб.

Пораката се однесува на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и бројот на денови во кои беа држени повеќе од 130 израелски заложници во Газа, што предизвика лавина реакции во Турција, која не ја крие поддршката за Палестина во конфликтот.

-Jавното обвинителство во Анталија отвори судска истрага против израелскиот фудбалер Сагив Јехезкел за јавно поттикнување омраза поради неговата одвратна прослава во корист на масакрот извршен од Израел во Газа“, изјави турскиот министер за правда Јилмаз Тунк.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО