Поранешниот ас на Јувентус, Андреа Барѕаљи, даде свое видување околу тоа каков расплет може да има актуелната сезона во Серија А.
42 годишниот Барѕаљи гостуваше на едно италијанско радио и се обиде да предвиде кој би бил шампион во домашното првенство.
– Интер и Јувентус се фаворити, можат да одлучуваат нијанси. Скоро секогаш најдобрата одбрана на крајот е шампион, тоа е многу важно. Интер е комплетен тим, имаат одличен напад и средина, тие победуваат со повеќе голови, но исто што е важно е и дека не примаат многу голови. На хартија, Интер е посилен од Јувентус, но тоа е привремена работа.
– Доколку успеат да го освојат домашниот шампионат, тогаш успеале во тоа да докажат дека се посилна и поцврста екипа од противникот. Ќе видиме како ќе се движат работите, можеби имаат мала предност, но тука е веднаш Јувентус, порача Барѕаљи.