Бразил го потврди ангажирањето на Доривал Жуниор за нов селектор

Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) потврди дека Доривал Жуниор ќе биде новиот селектор на репрезентацијата. Жуниор ќе го замени Фернандо Диниз, кој беше отпуштен минатата недела поради лошите резултати и политичката криза во бразилското фудерација.

Ангажирањето на новиот селектор на Бразил беше одложено поради смртта на еден од великаните, Марио Загало.

Жуниор (61) е тренер повеќе од две децении, но најголемите триумфи ги забележа неодамна. Тој ја освои титулата во Копа Либертадорес со Фламенго во 2022 година, а минатата година го предводеше Сао Паоло до првиот трофеј во Купот на Бразил.

Првите предизвици на Жуниор со Бразил ќе бидат во март, на пријателските натпревари против Англија и Шпанија.

Бразил по шест кола е на шестата позиција со седум бода во јужноамариканските  квалификации за Светското првенство (СП) 2026-та. Најдобрите шест репрезентации ќе се квалификуваат директно на СП што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО