(ФОТО) На минусни температури – стартуваа Вардар, Работнички и Тиквеш

Уште три македонски фудбалски прволигаши денес ги стартуваа подготовките за пролетнио дел од полусезоната.

Скопските ривали Вардар и Работнички, како и екипата од Кавадарци, составот на Тиквеш денес ги имаа првите прозивки.

-Под палката на новиот тренер, фудбалерите денес на тренинг кампот во Хиподром, го одработија првиот тренинг.Веруваме дека со труд и волја, на крајот од подготвките ќе ја постигнеме посакуваната форма, која ќе ни биде и повеќе од неопходна пред одлучувачките натпревари кои следуваат.Црвено-црната армија, порачаа од Вардар.

-Денес е означен стартот на подготовките на фудбалерите на ГФК ТИКВЕШ.Подготовките ќе се одвиваат во три фази каде ќе се одиграат и неколку контролни натпреварипред почетокот на останатиот дел од првенството во првата македонска лига.

-Во овој дел екипата се ослободи од неколку играчи и тоа:Марио Гассама,Гал Куреж,Џемаил Ибиши и Марио Станковски кои беше на позајмица во Фк Тетекс.Додека фудбалерот Никола Најдовски е на 6 месечна позајмица во Фк Кожуф. Клубот е во завршни преговори со неколку странски но и домашни играчи.На фудбалерите им посакуваме многу здравје и среќа во пролетниот дел од првенството, беше објавата на Тиквеш.

Од Работнички пак информираат дека подготовките ќе бидат реализирани во Охрид, а оној главен дел во Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО