ФК Вардар денеш одржа прес-конференција на која беше промовиран новиот стручен штаб на чело со Горазд Михајлов како и новиот спортски директор Влатко Колев.
Тој во своето излагање најави промени во играчкиот состав, заминувања, но и нови засилувања. Па така вечерва клубот преку социјалните мрежи се заблагодарни на досегашната соработка со два играчи.
-Владимир Жоглев повеќе не е дел од ФК Вардар. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за целокупниот ангажман во црвено-црниот дрес и воедно му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата.
-Христијан Вецески повеќе не е дел од ФК Вардар. Клубот му упатува искрена благодарност за трудот и посветеноста со која го носеше големиот Вардаров дрес и му посакува голем успех во понатамошниот дел од кариерата, порачаа од „црвено-црните“.