Во обидот да замине од Саудиска Арабија, Хендерсон им се нудeл на Баерн Минхен и на Баер Леверкузен?

Преселбата на Џордан Хендерсон од Ливерпул лани во Ал-Етифак наиде на многу критики поради различни причини.

Сега по шест месеци кога посетеноста на натпреварите и резултатите на Ел-Етифак, чиј тренер е Стивен Џерард, се доста лоши, играчот од средниот ред и поранешен капитен на Ливерпул, бара начин за заминување од Саудиска Арабија.

Најновите информации се дека Хендерсон им се нудел на повеќе англиски Премиерлигаши, на Јувентус, но и на двата водечки тима во Бундес лигата сезонава, на Баерн Минхен и на лидерот Баер Леверкузен!

Хендерсон, според пишувањето на британските медиуми има неделна плата од околу 350.000 фунти. Но проблемот е во тоа што никако не му одговара климата и животот во Саудиска Арабија. Тој сака да биде и дел од тимот на Англија на Европското првенство (ЕП) 2024 година.

Ал-Етифак пак објави дека Хендерсон не е на продажба и оти евентуален договор за позајмица ќе биде многу тешко да се реализира поради неговата висока плата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО