Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги покани претставниците на Русија на конгресот, првпат по избувнувањето на војната во Украина.
Тоа е само уште еден чекор кон враќањето на руските претставници на натпреварите под покровителство на таа организација, откако неодамна започна формирањето на работна група чија примарна цел е враќање на руската репрезентација и клубови на меѓународните натпреварувања.
Споменатиот конгрес ќе се одржи на 8 февруари во Париз, а делегацијата од Москва ќе ја предводи претседателот на Фудбалскиот сојуз Александар Дјуков.
Да потсетиме, во еден момент сериозно се размислуваше Русија да влезе во Азиската фудбалска конфедерација по санкциите на УЕФА, а таа организација и ФИФА најавија дека санкциите ќе важат само се додека траат конфликтите.
Сепак, овие два крупни случувања се доказ дека ризикот од губење на Русија беше сериозно разбран во тие две организации, па беа направени првите чекори кон нивното враќање.