Утринава пристигнаа најнепосакуваните вести од Мелбурн за фановите на Рафаел Надал.
„Бикот од Мајорка“ се врати на турнирите, одигра два натпревари во Бризбејн, па на третиот беше поразен од Џордан Томпсон.
На таа четвртфинална пресметка, тој доживеа повреда на колкот, неговата стара повреда, па сега мора да се соочи со откажување на првиот гренд слем сезонава.
Надал не сакал да ризикува и да игра Австралија, но се со цел, да биде максимално подготвен за настапите во Париз за неколку месеци.
– Здраво на сите, за време на мојот последен меч во Бризбејн, имав мала повреда со мускулот. Кога стигнав во Мелбурн, имав можност да направам магнетна резонанца. Во моментов не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво во мечеви со три сета. Летам назад за Шпанија да се опоравувам и да се одморам. Напорно работев за ова враќање, но секогаш сум споменувал дека мојата цел е за три месеци да бидам на највисоко ниво. Навистина сакав да играм овде во Австралија и имав шанса да одиграм неколку натпревари кои ме направија позитивен и среќен. Ви благодарам на поддршката и се гледаме наскоро, порача Надал.
Hi all, during my last match in Brisbane I had a small problem on a muscle that as you know made me worried. Once I got to Melbourne I have had the chance to make an MRI and I have micro tear on a muscle, not in the same part where I had the injury and that’s good news.
Right… pic.twitter.com/WpApfzjf3C— Rafa Nadal (@RafaelNadal) January 7, 2024