Лутото ривалство Њукасл – Сандерленд се враќа, тоа е многу повеќе од фудбал

Малку дербија во британскиот фудбал можат да се споредат со интензитетот и со на ривалството како она меѓу Њукасл и Сандерленд, двата географски изолирани клуба од североисточниот дел на Англија.

Тоа е фудбалска приказна, се разбира, но како и сите големи спортски битки, и за непријателство многу поголемо од обична игра. Станува збор за историја, за економија и за граѓански спорови кои се протегаат со векови наназад.

По речиси осум години од последниот натпревар, денешниот дуел (13.45 часот) во Сандерленд, во третото коло од ФА купот, ветува дека ќе биде поинтензивен и, можеби, понепријателски од кога било.

Њукасл и Сандерленд немаат играно меѓусебе од март 2016 година и ремито, 1:1 на „Сент Џејмс парк“. Тоа реми ја прекина серијата од шест последователни победи на Сандерленд, што е невиден подвиг. Навивачите на Сандерленд сè уште пеат песни за „шесте во низа“ победи дури и по двете последователни испаѓања, од Премиер лигата до Лига 1.

Њукасл го нема победено Сандерленд од 2011 година, и сигурно ќе сака да и’ стави крај на мизерната серија. Двата тима имаат одиграно 155 натпревари, со по 53 победи и 49 ремија.

Ќе има 6.000 навивачи на Њукасл кои ќе патуваат до 15-на км оддалечениот „Стадион на светлината’ во Сандерленд, многу  поголема бројка отколку на натпревар во лигата поради правилата за распределба на билети во ФА купот.

На сите им е кажано дека ќе мора да патуваат со официјален клупски автобус, директно од стадионот „Сент Џејмс парк“ на Њукасл. Ризикот од судири меѓу навивачите се сметаше за преголем за да им се дозволи да патуваат со автомобили или преку метро системот што го дели двата града.

Како и сите големи ривалства, Њукасл против Сандерленд е многу повеќе од спорт. Тоа е долга историја на конфликти и непријателства меѓу двата града. Како и кај повеќето дербија, поделбата ги дели и семејствата и нема многу поинтензивни фудбалски натпревари во Англија од овој.

Според „Телеграф спорт“ кој подлабоко ги разгледува корените на ривалството меѓу Њукасл и Сандерленд тоа датира од граѓанската војна во Англија пред повеќе векови.

Њукасл и останал верен на круната, а Сандерленд му се приклучил на парламентарниот бунт. Во 1600-те, кралот Чарлс Првиот им доделил права за трговија со јаглен на трговците од Њукасл, осакатувајќи ги ривалите во Сандерленд.

Кога избувнал конфликт, двата града биле на спротивставените страни. Њукасл изгубил и градот бил колонизиран од војската на Шкотска, која пак била поддржана од војници од Сандерленд.

Меѓутоа, иако овој крвав конфликт генерално се смета за моментот кога ривалството меѓу двата града станало непријателско, тоа би можело да се прошири и на римско време. Њукасл бил основан од Римјаните како тврдина. Сè на југ било римско, а сè на север „нецивилизирано“.

Њукасл е регионален главен град, ја има главната железничка станица во регионот, како и меѓународниот аеродром. Њукасл е и една од најпопуларните британски туристички дестинации за одмори. Градот е раздвижен урбан центар, софистициран, популарен кај студентите, а познат е и по забавите.

Сандерленд отсекогаш се чувствувал како да живее во сенка на погламурозниот сосед, и сè уште се смета како за посиромашен роднина.

Двата клуба се меѓу најнеуспешните во англискиот фудбал. Сандерленд нема освоено поголем трофеј од ФА купот во 1973 година, а Њукасл нема освоено ниту еден од Купот на саемските градови во 1969 година. Тоа дава уште поголемо значење на нивната борба за регионална превласт.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО