Македонскиот фудбалски интернационалец Андреј Лазаров по една мината полусезона во Рудеш си замина од клубот.
Младиот 24-годишен играч со офанзивни карактеристики денес доби раскин на договорот со последнопласираниот тим на табелата во Хрватска.
Лазаров за Рудеш одигра 13 натпревари на кои забележа еден гол и три жолти картони..
Според најавите Лазаров треба да биде ново засилување на својот поранешен клуб Работнички за кого играше пред да замине во Тиквеш од каде го имаше својот прв интернационален трансфер.