Димитриевски и Рајо триумфално ја започнаа 2024-та

Екипата на Рајо Валјекано, за која брани голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски го победи Хетафе на гости со 2:0, на отворањето на 19. коло во шпанската Ла лига, на првиот првенствен натпревар во 2024 година.

За Рајо ова беше прва победа (петта сезонава) по осумте „посни“ меча во Ла лига.

Дуелот на екипите од предградието на Мадрид го одбележаа и двете исклучувања за домаќинот. Во 40 минута по вториот жолт картон беше исклучен Хуанми Латаса. Потоа по постигнувањето на вториот гол на Камељо во 47. минута, Мејсон Гринвуд го навредил судијата за што доби директен црвен картон.

Двете екипи се на средината на табелата. Рајо е 11-ти со 23 бода, три помалку од Хетафе на осмата позиција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО