Кари го одигра најлошиот натпревар во кариерата, Вориорс загубија со 51 поен разлика

Стивен Стеф Кари го одигра најлошиот натпревар во блескавата кариера, а неговиот тим, Голден Стејт вориорс беа поразени од Мемфис гризлис со 93:144. Поразот од 51 поен е најголем во НБА сезонава, како и негативата од 57 поени што Вориорс ја имаа во последната четвртина.

Во кариерата, која почна во 2009 година, Кари четирипати беше НБА шампион, двапати најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната и двапати најдобар стрелец во сезоната, еднаш МВП на финалето и десетпати учесник во Ол-стар натпреварот.

Тој е рекордер според бројот на реализирани тројки (3.832) и за многумина е најдобар стрелец на сите времиња. Но тоа не се виде на натпреварот против Мемфис.

Во одиграните 24 минути тој не погоди шут од поле и натпреварот го заврши со само два коша од линијата за слободни фрлања. Никогаш на речиси 1.000 натпревари во НБА кариерата не му се случило за толку минути да не даде ниту еден поен. За прв пат се случи тој и Дрејмонд Грин заедно на ист натпревар да не дадат поени од игра!

На овој натпревар Кари имаше 0/7 удари од поле, вклучувајќи 0/6 за три поени. Тоа му беше петти натпревар во кариерата без поен(и) од игра, воедно и со најмногу промашувања за најмногу одиграни минути.

За лошата ноќ на Вориорс придонесоа Грин, кој шутираше 0/4, како и новодојдениот Денис Шредер, кој шутираше 2/12.

Мемфис до победата го предводеа Санти Алдама со 21 поен и 14 скока, Џејк Ларавија со 19 и Џерен Џексон јуниор. со 17 поени, шест скока и пет асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО