Францускиот весник Ле Паризиен (Le Parisien), како и некои други локални медиуми, објавија дека во вторникот во пошироката област Бордо бил уапсен маж кој планирал напад за време на Олимписките игри (ОИ).
Француската антитерористичка полиција за Ројтерс го потврди апсењето во југозападна Франција. Се наведува дека е уапсен 18-годишник кој имал намера да изврши напад или напади, но не потврди како и каде тие биле планирани.
– За време на процесот на верификација, на околу 5.000 луѓе им е забрането да присуствуваат на Олимписките игри, додека на повеќе од 1.000 им е изречена целосна забрана за движење, рече францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Дарманин вели дека се превземаат најстроги можни мерки во пресрет на свеченото отворање на 33. Олимписки игри во петок и оти се проверени сите олимписки волонтери, работници и сите други лица вклучени во Игрите.
– Досега извршивме повеќе од милион безбедносни проверки и продолжуваме да работиме на безбедноста на целокупното натпреварување, додаде Дарманин.