На Дончиќ ќе му се придружи еден од најдобрите шутери во историјата

Клеј Томпсон (34), играчот на Голден Стејт вориорс, со кои освои четири шампионски титули во НБА, кариерата ќе ја продолжи во Далас маверикс со кои потпиша тригодишен договор вреден 50 милиони долари.

Томпсон пристигна во Вориорс во 2011 година како 11-ти пик на драфтот, а во текот на 13-те сезони освои четири шампионски титули (2015, 2017, 2018, 2022-та) со уште два настапи во финалињата (2016 и 2019 година).

Со Стивен Стеф Кари тој формираше незапирливо дуо од надворешните позиции. Со неговото заминување, официјално заврши таа ера, се распадна најдобриот шутерски тандем на сите времиња.

Тој петпати беше дел од Ол-стар натпреварот, двапати беше избран во третиот најдобар тим во лигата и еднаш во најдобриот одбранбен тим. Минатата сезона, по големите проблеми со повредите, имаше просек од 18 поени, 3,3 скока и 2,3 асистенции по натпревар.

Но годинешните финалисти Маверикс веруваат дека на Томпсон му преостануваат уште неколку добри години и решија да ја засилат својата и онака добра бековска линија во која се Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО