Хаким Зијеш, репрезентативниот напаѓач на Мароко, некогашен член на Ајакс и Челзи, познат е по тоа што знае да дојде до конфликт со тренерите или селекторите, како што тоа беше едно време со Вахид Халилхоџиќ, екс селекторот на Мароко.
Сепак тоа не е ништо во споредба со она што тој го кажа за тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, клуб каде што Мароканецот сеуште е член, но не за долго како што самиот најави:
-За мене Галата е завршена приказна. Не сакам да играм веќе овде. Во јануари заминувам. Сакам да кажам дека досега во својата кариера не сум видел толку слаб тренер како Окан Бурук. Дали Галата може да стане шампион? Ич не ми е гајле, сакам само што побргу да си заминам од овде,посочи Зијеш.