Американскиот тенисер Сем Квери истакна дека бил исклучително среќен и емотивен по освојувањето на Олимпиското злато од страна на Новак Ѓоковиќ.
Како што самиот Квери истакна, тој не плачел дури ни на неговата свадба ни кога добил дечиња, но пуштил солза кога Ѓоковиќ го освојуваше олимпиското злато.
– Воопшто немав солзи ни кога се оженив, ни кога добив деца. Бев сместен на креветот и го гледав мечот со сопругата. Но на крајот ги бришев солзите од лицето гледајки го Ѓоковиќ, сопругата исто така. Очите и беа полни солзи, порача Квери.
Тој очекува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде подготвен да игра и на УС ОПЕН годинава.
– Очекувам да биде подготвен и да оди на УС ОПЕН, но искрено го гледам дека таму ќе оди за само да се појави пред публиката. Тој постигна се што можеше да се постигне, ќе биде опуштен и дека нема премногу да се грижи доколку не успее да го освои турнирот, се надоврза Сем Квери.