ЗОИ2026: Швајцарецот Мејар го освои златото во слалом

Швајцарскиот скијач Лоик Мејар е новиот олимписки победник во слалом, освојувајќи го третиот медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026.

Мејар претходно освои сребро во тимската комбинација, како и бронза во велеслалом.

Сребрениот медал на денешната слаломска трка во Бормио го освои Австриецот Фабио Гштрајн, со 35 стотинки заостанување, додека Норвежанецот Хенрик Кристоферсен (+1,13) ја освои бронзата.

Олимпискиот шампион од Игрите во Пекинг 2022, Французинот Клемент Ноел, не ја заврши трката, а без пласман остана и водечкиот по првото возење, Норвежанецот Атле ли Мекграт.

ФОТО: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО