Американецот Џордан Штолц го освои вечерва златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, триумфирајќи во трката на 1.000 метри брзо лизгање со време на нов олимписки рекорд од 1:06,28 минути.
Дваесетиедногодишниот Американец, кој е светски шампион на 1.000 метри од 2023 и 2024 година, нема пораз на оваа делница сезонава во Светскиот куп и очекувано го освои првото олимписко злато во кариерата.
Среброто го освои Холанѓанецот Јанинг де Бо со време од 1:06,78, додека бронзата му припадна на кинескиот натпреварувач Жонгјанг Нинг (1:07,34).ег
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: