ЗОИ2026: Двоен триумф на Италија во санкање во двојки

Натпреварувањето во санкање во двојки на Зимските олимписки игри заврши вечерва со двоен триумф на Италија, откако Емануел Ридер и Симон Кајнцвалдер го освоија златниот медал во машка конкуренција, само неполн час откако претходно со златното одличје се закитија нивните сонароднички Андреа Фетер и Марион Оберхофер.

Ридер и Кајнцвалдер дојдоа до златото со вкупно време од 1:45,086 минути.

Австрискиот пар, Томас Стој и Волфганг Киндел, го освоија сребрениот медал со време од 1:45,154 минути.

Бронзата им припадна на Германците Тобијас Вендл и Тобијас Арлт (1:45,176).

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО