ЗОИ 2026: Штолц со втор олимписки рекорд до злато во брзо лизгање на 500 метри

Американскиот лизгач Џордан Штолц освои злато на 500 метри, поставувајќи го својот втор олимписки рекорд на Игрите во Италија.

Дваесет и едногодишниот Американец постигна време од 33,77 секунди, што е нов олимписки рекорд и негов втор на Олимпијадата 2026.

Претходно Штолц победи и на трката на 1.000 метри.

Холандецот Енинг Де Бое го освои среброто, завршувајќи 0,11 секунди зад лидерот.

Третото место и бронзениот медал се за Канаѓанецот Лоран Дубреј (+0,49 секунди).

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО