ЗОИ 2026: Познати сите двојки за четвртфиналето на хокеарскиот турнир

Одредени се сите двојки за четвртфиналето во хокеј за мажи на Олимписките игри 2026.

Шведска е последната репрезентација што стигна до четвртфиналето, победувајќи ја синоќа Летонија со 5:1.

Претходно во текот на вчерашниот ден четвртфинале изборија Чешка, Германија и Швајцарија.

Двојки за четвртфиналето:

Словачка – Германија

Канада – Чешка

Финска – Швајцарија

САД – Шведска.

Натпреварите ќе се играат денес почнувајќи од 12:10 часот редоследно.

Фото:МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО