Знамето на Германија во Париз, за прв пат во историјата ќе го носи спортист црнец

Германскиот олимписки комитет објави дека кошаркарот Денис Шредер и џудистката Ана-Марија Вагнер ќе го носат германското знаме на отворањето на Олимписките игри (ОИ). Така Шредер ќе стане првиот црнец спортист кој ќе го носи германското знаме на најголемиот спортски настан.

Германскиот олимписки комитет организираше гласање меѓу членовите на германската олимписка експедиција и навивачите, а гореспоменатите Шредер и Вагнер собраа најмногу гласови.

Кај спортистите, Шредер го победи тенисерот Александар Зверев, додека Вагнер беше пред второпласираната фудбалерка, Александра Поп.

Минатата година Германија го освои златниот медал на Светското првенство (СП) во кошарка, а Шредер, членот на НБА тимот, Бруклин нетс беше прогласен за најкорисен, МВП играч на првенството.

Џудистката Вагнер досега има освоено два златни медала на СП, ад на последните ОИ во Токио 2021-т освои два бронзени медала.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО