Зидан: Сонот ми е да бидам селектор на Франција!

Еден од најдобрите фудбалери и најтрофејните тренери во поновата историја, Зинедин Зидан, стави крај на шпекулациите и јасно ги откри своите планови за иднината.

По неколку години пауза, Французинот потврди дека е подготвен да се врати на тренерската работа, а неговата главна цел е една: селекторската позиција во репрезентацијата на Франција.

“Сигурно ќе се вратам на тренерската работа. Мојот план и мојата желба се еден ден да станам селектор на Франција. Ќе видиме”, изјави Зидан на спортскиот фестивал во Тренто, испраќајќи јасна порака до француската федерација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО